Утрински Весник
Спорт

Наполи и Милан одиграа 2:2, Елмас изнуди црвен картон од Салемаркс

Наполи и Милан одиграа 2:2, Елмас изнуди црвен картон од Салемаркс
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Наполи и Милан освоија по еден бод откако во дербито на 32 коло одиграа 2:2. Двата тима ги задржаа позициите на кои беа и пред дербито, Наполи се шестти со 52 бода, Милан зад нив со два бода помалку. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните 25 минути, успеа да избори исклучување на Салемаркерс во 85 минута.

Наполи одигра подобро во првиот дел меѓутоа први до гол стигнаа играчите на милан. Тео Ернандес во 20 минута го совлада Оспина. Наполи израмни со голот на Ди Лоренцо 14 минути подоцна.

Иницијативата што ја имаа во вториот дел играчите на наполи ја крунисаа со гол во 60 минута кога Мертенс го совлада Донарума. На патот до мрежата топката мина низ нозете на голманот на Милан.

Конечниот резултат го постави Кеси од пенал во 73 минута.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов