Утрински Весник
Свет

Напаѓач отворил оган и ранил полицаец во Германија

Напаѓач отворил оган и ранил полицаец во Германија

Напаѓач вчера отворил оган и повредил полицаец во Мекенхајм, град во западна Германија, близу Бон, соопшти локалната полиција, пренесува „Спутник“.

Според соопштението, полицијата била повикана по пријава за лице кое хаотично пукало на улицата.

Подоцна, напаѓачот пукал кон полицајците кои се приближувале, ранувајќи еден од нив, кој подоцна бил хоспитализиран. Во престрелката напаѓачот бил убиен.

Во моментов нема информации за други жртви.

Полицијата во Бон отвори истрага за инцидентот. Идентитетот и можните мотиви на криминалецот сè уште не се утврдени.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

По 20 години, уапсен е еден од најбараните бегалци по кои ФБИ имаше издадено потерница

Интерпол уапси повеќе од 1.000 осомничени за кибер криминал во Африка

На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан