Утрински Весник
Свет

Напаѓач во Норвешка избодел четири лица, едно во критична состојба

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најмалку четири лица се избодени и повредени во случајни напади во Нумедал во југоисточна Норвешка, соопшти денеска локалната полиција.

Една од жртвите е во критична состојба, јавува Ројтерс.

Норвешките власти го опишаа инцидентот како „Пливо“, што во полициска терминологија значи „насилство опасно по живот“.

Еден час по првото пријавување на нападот, полицијата на Твитер објави дека осомничениот е уапсен.

Нумедал се наоѓа на југоисточниот дел на Норвешка и вклучува неколку општини.

Според медиумите, дојавата за нападот полицијата ја добила околу 8.45 часот по локално време.

Очевидец тврди дека на лице место имало неколку амбулантни возила и три хеликоптери.

На местото на настанот биле повикани и пожарникари, чиј шеф исто така тврди дека полицијата во меѓувреме успеала да го совлада напаѓачот.

– Успеаја да го фатат, имаат контрола над него. Тоа е се што знам засега, изјави началникот на противпожарната служба, јавува Ројтерс.

Можете да прочитате

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула

Украина ноќеска соборила 30 дрона, Русија неутрализирала 25, запалена е рафинерија во Самарскиот регион