Утрински Весник
Свет

Напаѓачот од Загреб е 22-годишен Хрват, по нападот објавил порака на Фејсбук

Напаѓачот од Загреб е 22-годишен Хрват, по нападот објавил порака на Фејсбук

На Марковиот плоштад во Загреб, каде утрово со истрели од калашников беше тешко ранет полицаец, а напаѓачот потоа на друго место се самоуби, се наоѓаат многубројни полициски сили.

До плоштадот, кој е централно место на главниот град на Хрватска, не е дозволен пристап за посетители, а го надлетуваат и хеликоптери.

Полицијата објави детали за напаѓачот.

„ Можниот извршител на обидот за тешко убиство на 31-годишниот полициски службеник на плоштадот Свети Марко и воедно лицето кое на подрачјето на Јабуковац изврши самоубиство, според досегашните утврдени информации, е 22-годишен хрвстаки државјанин. Лицето не е претходно познато на службениците“ соопшти полицијата.

Како што пренесува Дневникот Нова ТВ, напаѓачот е од Кутина, доаѓа од семејство на воени ветерани, а мотивот за нападот се уште не е познат.

Напаѓачот веднаш по нападот оставил порака на Фејсбук. Во неа пишува дека му е „доста од измами и газење на човековите вредности“ и дека некој мора да одговара за тоа.

Ранетиот полицаец има прострелни рани во раката и во телото, но засега функциите му се стабилни. Како што соопшти полицијата, тој е опериран и состојбата му е стабилна.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мелони утре во Милано ќе се сретне со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс

Полска најави нов пакет воена помош за Украина од 56 милиони долари

Трамп ги поддржа премиерката Такаичи и Орбан пред парламентарните избори во Јапонија и Унгарија