Утрински Весник
Свет

Напад со нож во Хaг, ранети најмалку две лица

Напад со нож во Хaг, ранети најмалку две лица
Dik 300x250 mk

Најмалку две лица се ранети во Хаг во напад со нож во супермаркет каде претходно избил пожар, соопшти полицијата.

Како што пренесуваат локалните медиуми, полицијата засега смета дека не се работи за терористички мотиви за напад, а спасувачки екипи го блокирале центарот на градот по пожарот.

Спасувачки служби веднаш се известени за нападот со нож и пожарот во супермаркетот „Гроте маркт“.

„Пожарот е ставен под контрола“ соопшти полицијата на Твитер и додаде дека се хоспитализирани две ранети лица.

На новинарско прашање за можен терористички мотив, портпаролот на полицијата рекол дека засега нема ниеден мотив за такво нешто.

Полициски хеликоптер е во потрага за напаѓачот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната 

Новиот пакет санкции кон Русија вклучува 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети