Утрински Весник
Македонија

Нападнат судија по натпревар од младинската суперлига помеѓу Шкендија и Вардар

Нападнат судија по натпревар од младинската суперлига помеѓу Шкендија и Вардар

Полицијата приведе двајца скопјани поради физички напад врз судија.

„На 6 ноември во 13.05 часот полициски службеници на СВР Тетово ги привеле во полицска станица А.Н.(45) и Т.Ф.(42), и двајцата од Скопје. А.Н. бил приведен поради нарушување на јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување, а Т.Ф. затоа што физички го нападнал фудбалскиот судија Ј.Б. по завршување на фудбалскиот натпревар од младинската суперлига помеѓу Шкендија и Вардар“, соопшти МВР.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце