Утрински Весник
Македонија

Нападнати полицајци и истрели во воздух при апсење на насилник од Струмица

полиција значка

 

Во доцните вечерни часови на 3 јануари на улицата „Бетовенова“ од припадници на струмичката полиција уапсен бил Ш.М.(32) од Струмица за повеќе сторени кривични дела и одредена мерка притвор.

Како што информираат од МВР, при преземање на мерките за негово приведување, повеќе лица ги нападнале полицајците со тврди предмети, при што од страна на полициските службеници биле испукани неколку предупредувачки куршуми во воздух.

За напаѓачите ќе бидат преземени соодветни мерки, а Ш.М. бил спроведен до затворот во Скопје за издржување на казната.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Коцевски: Политиката да ги тргне рацете од „Пулс“ – сите обвинети мора да одговараат во една постапка

Муцунски се сретна со Кос

Македонската амбасада го одби, словенечкиот парламент го прими на пракса Mакедонецот Трајковски