Утрински Весник
Свет

Нападната конгресменка на САД. И впериле пиштол, и го украле автомобилот

Нападната конгресменка на САД. И впериле пиштол, и го украле автомобилот
Dik 300x250 mk

Двајца мажи ја пресретнале Геј Сканлон додека таа се враќала од работа и се приближувала кон својот автомобил. Со возило со темна боја дошле до неа, и впериле пиштол и и побарале клучеви и други работи.

Разбојниците, меѓу другото и го одзеле деловниот телефон и личната карта. Демократката Мери Геј Сканлон не беше повредена за време на инцидентот. ФБИ се вклучи во потрагата по напаѓачите, пишува Би-Би-Си.

Како и многу градови во САД, во Филаделфија има зголемување на насилниот криминал во изминатата година. Градоначалникот Џим Кени рече дека грабежот, кој се случил во средата во 14:45 часот по локално време, бил „ужасен“.

Си-Би-Ес Њуз објави дека во Филаделфија во 2021 година, во споредба со претходната година, има зголемување на кражбите на автомобили за 80% и вооружените грабежи од 27%.

Конгресменката беше ограбена само 24 часа откако напаѓачите во предградие на Чикаго го украдоа возилото на сенаторката Кимберли Лајтфорд. Нејзе и се заканувале и со оружје.

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник