Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Наоди од Англија покажуваат дека има можност вакцините да не го спречат делта сојот

Наоди од Англија покажуваат дека има можност вакцините да не го спречат делта сојот
300x250 opst2

Постојат рани показатели дека вакцинираните луѓе би можеле да ја пренесат делта варијантата на коронавирусот исто толку лесно како и невакцинираните, објави денеска Државната агенција за јавно здравје на Англија (PHE).

Наодите се совпаѓаат со оние на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC), кој минатата недела предупреди дека вакцинираните лица заразени со делта сојот, за разлика од другите варијанти, можат да ја шират инфекцијата.

Многу позаразната варијанта на коронавирусот е доминантна на глобално ниво и ја разгорува пандемијата од која досега починаа повеќе од 4,4 милиони луѓе, вклучувајќи и над 130.000 од Британија.

Се покажа дека вакцините обезбедуваат добра заштита од сериозно заболување и смрт по инфекција со делта сојот, особено по две дози, но има помалку податоци дали вакцинираните лица можат да продолжат да го шират вирусот на други.

„Некои првични наоди (…) сугерираат дека нивото на вирусот кај заразените со делта сојот, кои се вакцинирани, може да биде слично на она што е пронајдено кај невакцинирани лица“, соопшти PHE.

„Тоа може да предизвика последици врз нивото на инфекција, без разлика дали луѓето се вакцинирани или не. Но, ова е рана анализа на истражувањето и потребни се дополнителни насочени студии за да се потврди дали тоа е навистина така“, додаваат од Агенцијата.

Можете да прочитате

„Ројтерс“: Нетанјаху му се извинил на Катар за нападот врз Доха

Путин потпиша указ за нова регрутација: 135.000 лица на возраст од 18 до 30 години ќе бидат повикани за воена служба

Нетанјаху и Трамп ги почнаа разговарите за прекинот на огнот во Газа