Утрински Весник
Спорт

Нант му се поклони на „кралот“ Лазаров

Македонската и европска ракометна легенда Кире Лазаров вечерва го одигра последниот натпревар пред публиката во Нант во триумфот од 32:18 против Тулуз во 30. коло. Тој беше поздравен со овации, а не пропушти да постигне три погодоци, од кои еден на спектакуларен начин, со цепелин, и да го заокружи фантастичниот меч.

Македонецот седна на специјално подготвен престол со круна на главата.

Кире Лазаров ќе има уште еден настап во дресот на Нант кој ќе биде последен во неговата кариера, а тоа е финалето во Купот на Франција против ПСЖ кое ќе се игра в сабота.

> Нант му се поклони на „кралот“ Лазаров <

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал