Утрински Весник
Спорт

Нандо Де Коло избран во Тимот на деценијата во Евролигата

Де Коло: Би сакал да го повторам со Фенербахче патот што го минав со ЦСКА

Барселона, 14 април 2020 (МИА) – Францускиот кошаркар Нандо Де Коло е избран во симболичниот тим на Евролигата за оваа декада. На гласањето учествуваа навивачи, новинари, играчи и главни тренери на клубовите.

Де Коло мина шест сезони во елитното натпреварување во текот на изминатата деценија, од кои пет се со ЦСКА и последната сезона со Фенербахче.

Играчот беше втор на листа ефективност со 3.222 бода, од кои 2.886 поени и 336 асистенции.

Со ЦСКА Москва, Де Коло двапати стана шампион на Евролигата (2016, 2019 година), а ги освои и главните индивидуални награди на фајнал фор: најпродуктивен играч, МВП на сезоната и МВП на Ф4, а се најде и во идеалната петорка. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност