Утрински Весник
Македонија

Наместо 500 евра казна и одземање на возилото, полицајци му побарале 50 евра да се почестат

304 санкции за брзо возење

Скопјанец пријавил во Полициската станица Чаир, дека полицајци го сопреле и му побарале мито. Б.Б.(34) од Скопје рекол дека во возилото бил со уште едно лице и дека на полицајците им дал 2.000 денари.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, тие му побарале документи и откако им рекол дека не ги носи го информирале дека треба да плати казна од 500 евра и дека возилото ќе му биде одземено, а ако не сака да плати казна да им даде 50 евра да се почестат. Како што е пријавено, тој им дал 2000 денари, по што го пуштиле да си замине. По преземени мерки било констатирано дека станува збор за полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари, кои биле на должност, но не биле на местата на кои биле распоредени.

За случајот е запознаен Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје – неколку лица пренесени во болница

„Опстојувањето е пркос, не преживување!“ Шестата парада на гордоста

„Страшен е животот што го живееме сега, протестираме и за вашите деца“ потресно сведоштво на татко од Кочани