Утрински Весник
Спорт

Наместо директор на трки, ќе имаме двајца, но и ВАР во Формула 1

Наместо директор на трки, ќе имаме двајца, но и ВАР во Формула 1
Dik 300x250 mk

Откако ФИА реши да го отпушти Мајкл Маси од позицијата директор на трки во Формула 1, претседателот на федерацијата, Мохамед Бен Сулајем го претстави планот со кој практично добиваме ВАР систем во елитниот моторспорт.

Формула 1 ќе имплементира „Контролна соба за виртуелни трки“ (VRCR), налик на „Видео помошникот на судијата (ВАР) во Формула 1. Овој „бекап“ ќе биде поставен надвор од патеката и ќе користи директна врска со новито директор на трки, кој ќе биде „отсечен“ од директна радио-комуникација со тимовите, кои ќе можат да поставуваат прашања, но само преку стриктна процедура.

Работата на Маси сега ќе ја извршуваат двајца возачи, директорот на трки на Светскиот едуранс шампионат (ВЕЦ), Едуардо Фреитас и поранешниот шеф на ДТМ серијата, Нилс Витих, кој веќе беше заменик на Маси. Тие ќе се менуваат како директори на трки, а како поддршка ќе го имаат поранешниот заменик на Чарли Вајтинг, Херби Блеш.

ФИА му врачи отказ на Мајкл Маси

> Наместо директор на трки, ќе имаме двајца, но и ВАР во Формула 1 <

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето