Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Намален прометот во индустријата во март за 20,1 отсто

Пет милиони евра заем за „Актива“ од ЕБОР
Img 7972

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Прометот во индустријата во март бележи пад од 20,1 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Во однос на февруари 2020 година, намалувањето на прометот во март е 12.9 проценти.

Пад на прометот во индустријата од 2.6 отсто е евидентиран и во периодот јануари – март 2020 година во однос на јануари – март 2019 година.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во март 2020 во однос на март 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 16,2 отсто, Капитални производи за 31,6, Tрајни производи за широка потрошувачка за 31,9 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 проценти.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во март 2020 во однос на март 2019 година изнесува 102.7. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,1 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8 проценти, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 30,3 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 26,2 отсто.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во март 2020 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 119.8, додека во периодот јануари – март 2020 година, во однос на периодот јануари – март 2019 година, изнесува 103.9. Индексот на прометот на странските пазари, пак, во март 2020 година во однос на март 2019 година, изнесува 73.9.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 24,2 отсто, Капитални производи за 32 процента, Tрајни производи за широка потрошувачка за 29,3 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,7отсто.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во март 2020 година, во однос на февруари 2020 година изнесува 79.5, додека во периодот јануари – март 2020 година, во однос на периодот јануари – март 2019 година, изнесува 95.7. мч/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут

ИСОС првпат на глобалната конференција за сметководствени стандарди