Утрински Весник
Економија

Намален превозот на патници особено во меѓународниот сообраќај

Намален превозот на патници особено во меѓународниот сообраќај

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Вкупниот број патници во патничкиот патен превоз во првото тримесечје од 2020 година изнесува 16.492.000 што во однос на истиот период лани е намалување за 17 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 16,9 отсто, во приградскиот превоз за 16,3, во меѓуградскиот превоз за 19,6, а во меѓународниот превоз за 33,2 отсто.

Според статистиката, во првото тримесечје од 2020 година, во однос на истиот период од 2019 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 25,7 проценти. Бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 4,1 отсто, во приградскиот за 40,8, во меѓуградскиот за 20,1 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 30,5 проценти. мч/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трипуновски: Пиперката се откупува непречено, имаме зголемување на субвенциите за 2025 година

УЈП од електронски аукции во државниот буџет инкасирала 314 230 евра

Итно зголемување на минималецот на 500 евра бара ССМ од пратениците