Утрински Весник
Македонија

Намален е притисокот врз болниците, вели министерот Филипче

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјава
Dik 300x250 mk

Притисокот брз болниците е намален, а состојбата со вирусот се смирува, оцени денеска министерот за здравство, Венко Филипче по состанокот со директорите на ковид-центрите.

„Состојбата со вирусот се смирува, епидемиолошката крива спласнува, а тоа го гледаме по бројот на новодијагностицирани случаи кои повеќе денови по ред се намалуваат. Спласнува притисокот врз болниците, иако не се целосно ослободени голем број на одделенија, бидејќи карактеристично за овој бран е влошувањата кај пациентите да настапуваат малку покасно, па оттука циклусот на ослободување на болничките капацитети доаѓа 2-3 недели подоцна“, истакна министерот.

Тој апелира на максимална внимателност и во периодот кој претстои.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје беа хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно во главниот град се лекуваат 661 пациент, соопшти Министерството за здравство. Низ целата држава се лекуваат 1.585 пациенти, и има околу 400 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Можете да прочитате

Прегазен пешак пред мостот Гоце Делчев

ДКСК со повеќе изборни пријави – дел проследени до ЈО, дел затворени без прекршувања

МВР приведе лажен поп – мамел луѓе во тага на гробиштата во Ѓорче Петров и Волково