Утрински Весник
Македонија

Намален бројот на умрени лица од насилна смрт

Намален бројот на умрени лица од насилна смрт
Dik 300x250 mk

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Бројот на умрени лица од насилна смрт во Република Северна Македонија, е намален за 4,8 отсто во однос на претходната година и изнесува 454 умрени лица, информираат од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Последните податоци од ДЗС, кажуваат дека умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет во државата учествуваат со 2,2 отсто.

– Во структурата  на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во 2019 година поголемо учество имаат машките лица, и тоа  75,1 отсто. Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи со 71,4 отсто, потоа самоубиствата со 23,3 отсто и убиствата со 5,3 отсто. Во категоријата несреќни случаи најголемо учество со 40,5 отсто имаат умрените лица од други надворешни причини за случајна повреда, соопштија од ДЗС.

Кај категоријата самоубиства како што истактнуваат од ДЗС на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација со учество од 13,2отсто.

Во категоријата убиства на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување  телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје со 1,9 отсто во однос на вкупниот број  случаи од насилна смрт. оџ/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ја заменил урината за да спаси син на колега, уапсен за дрога – Техничар во МВР доби кривична пријава

Маж од Полска бил агресивен кон македонски полицајци

Може да застари случајот со родилката од Дебар, рочишта ќе се закажуваат секој работен ден се до одржување