Утрински Весник
Економија

Намалени увозните цени од одделот кокс и рафинирани нафтени производи

Намалени увозните цени од одделот кокс и рафинирани нафтени производи

Скопје, 11 мај 2020 (МИА) – Увозните цени од одделот кокс и рафинирани нафтени производи (19) во март годинава се пониски за 25,3 отсто на месечно ниво и за 33,7 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, увозните цени на моторниот бензин се намалени за 38,9 отсто на месечно и за 43,2 отсто на годишно ниво, кај дизелот намалувањето е 27,4 на месечно и за 38,4 отсто на годишо ниво, а кај автоплиновите на месечно ниво увозната цена е намалена за 28,7, а на годишно за 30,8 отсто.

Увозните цени од одделот кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Главни корисници на податоците се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори. вј/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Фич”: Кредибилните и конзистентни макроекономски политики ја одржуваат стабилноста на денарот

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

РКЕ ги соопшти новите цени на горивата, дизелот оди кон 100 денари за литар