Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Наздравете за Денот на џин-тоник

Наздравете за Денот на џин-тоник
300x250 opst2

Денес, 19 октомври, го славиме Светскиот ден на џин и тоник, омилен пијалок за многумина. Не е викенд и поминаа жештините кога уживавме во овој коктел со многу мраз, но мора да се прослави.

Секоја прилика да се напиете ваква опојна мешавина е добра можност. Ако веќе не сте планирале вечерно излегување или пијалок после работа, сега е вистинското време.

На овој мегапопуларен пијалок можете да додадете разни зачини за да добие посебен вкус. Значи, ако одлучите да го прославите овој празник дома, еве рецепти за да го направите вашиот џин-тоник совршен.

Џин-тоник со лимон и боровница (за 4 лица)

20 боровинки, 20 свежи листови нане, 2 лимони, 2 лажички кафеав шеќер, 360 милилитри џин, 500 милилитри тоник, мраз.

Изберете чаши со рамно дно и рамномерно распоредете боровинки, нане, шеќер и сок од лимон во нив. Додадете мраз во чашите и ставете 90 милилитри џин во секоја чаша. Прелијте со тоникот, измешајте и уживајте!

Џин-тоник со црвен портокал (за 4 лица)

180 милилитри џин, 240 милилитри сок од црвен портокал, малку ликер од портокал, околу 480 милилитри тоник, мраз.

Наполнете чаши со мраз, потоа додадете џин, портокал и ликер. Истурете ја содржината на чашата со тоник и нежно измешајте. Како последен тач, украсете ја чашата со парче црвен портокал.

Нема причина да не кренете чаша со вашите пријатели вечерва, можеби со еден од овие славенички рецепти.

Можете да прочитате

Словенија, Шпанија, Холандија, Ирска и Исланд бараат „Евровизија“ да го исклучи Израел

Науката потврди: Овошјето ги штити белите дробови од загадениот воздух

Започнува најголемиот натпревар за средношколци во Македонија „СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“