Утрински Весник
Македонија

Над 95 отсто од втората фаза од магистралниот пат Куманово – Страцин е завршена

Над 95 отсто од втората фаза од магистралниот пат Куманово – Страцин е завршена

Над 95% од втората фаза од магистралниот пат Куманово – Страцин е завршена, модернизацијата на овој магистрален пат како дел од Коридорот 8 е од особено значење за целата држава, изјави вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, кој денеска заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, беа на увид на завршување на градежните работи на овој магистрален пат.

Во оваа втора фаза се рехабилитирани 16,6 километри од селото Војник до Страцин. Вкупната вредност на инвестицијата е близу 7,2 милиони евра.

„Ова е важна патна артерија за поврзување на локалните и регионалните патишта со главните коридори, за граѓаните, но и за компаниите, со која се овозможува лесен и побрз транспорт на луѓе и на производи. Особено ми е драго, што силен акцент ставивме на инвестициите во патната инфраструктура во истокот и североистокот, региони кои со години беа заборавени. Инфраструктурата за која некогаш само се говореше, денеска е преточена во план, програма и реализација. Вложивме 80 милиони евра за патна инфраструктура, за да ги модернизираме клучните патишта во овој регион, делот од Коридор 8“, изјави Николовски.

Паралелно се изведуваат градежните работи на првата фаза од Куманово до село Војник, во должина од 15,2 километри, во вредност од 5,4 милиони евра.

Рехабилитацијата на оваа фаза се очекува да заврши во јуни следната година.

Министерот Бочварски потенцираше дека во изминатава година ангажирана е цела градежна оператива во реализација на капиталните проекти во ресорот транспорт.

Можете да прочитате

Под контрола два пожари на отворен простор

Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена

Апасиев во Крушево: Борбата е вечна, победата неизбежна