Утрински Весник
Спорт

Над 400 играчи бараат финансиски надомест од ФИФА

ФИФА предлага пет замени по натпревар

Цирих, 15 јуни 2020 (МИА) – Досега, 441 играчи аплицирале за финансиски надомест во ФИФА, соопшти седиштето. 89 оѕсто од апликациите се од играчи од европски клубови, а 11 проценти се од остатокот на светот.

Фудбалерите кои веќе подолго време не ги добија своите плати од клубови со финансиски проблеми, имаат право да бараат исплата на износите од специјално создаден фонд заеднички од страна на ФИФА и синдикатот на фудбалерите на ФИФПРО.

Апликациите ќе бидат прифаќани до крајот на месецот, а фондот ќе работи од 1 јули.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ

Анчелоти стана рекордер во Лигата на шампионите

Навивач на Партизан го нападна тренерот на Олимпијакос