Утрински Весник
Свет

Над 10 милиони заразени од Ковид-19 во САД

Над 10 милиони заразени од Ковид-19 во САД

Во Соединетите Американски Држави, земја која е најпогодена од панемијата на коронавирусот во светот, според веб-страницата „Worldometer“, биле заразени 10.059.782 лица, а починале 242.239 лица.

Бројот на заразени продолжува рапидно да расте додека се чека исходот на претседателските избори во Америка, па вчера беа регистрирани повеќе од 132 илјади нови случаи.

„Вирусот не се грижи дали гласавме за Трамп или Бајден. Доаѓа за сите нас”, рече гувернерот на Охајо, Мајк Девајн.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украдени се над 400.000 KitKat чоколадца

Хутите извршија напади врз Израел, ексалира војната на Блискиот исток

Притисок врз НАТО? Трамп се заканува дека ќе ја повлече војската од Германија