Утрински Весник
Свет

Над два милиони луѓе во светот починале како последица од коронавирусот

Над два милиони луѓе во светот починале како последица од коронавирусот

Најмалку 2.253.813 лица починале во светот од коронавирусот. Над 103.827.020 заболеле, додека најмалку 63.195.000 оздравеле, покажуваат најновите податоци кои се базираат на дневни извештаи на здравствените власти во секоја земја.

Држави со најголема смртност се САД со 3.673 починати, Велика Британија со 1.449 и Бразил со 1.210.

САД се најтешко погодени од пандемијата на коронавирусот  со 446.901 починати и 26.435.696 заразени, според Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Меѓу најтешко погодените земји во Европа е Белгија, која има најголем број на смртни случаи по глава на жител, 183 на 100.000 жители, следат Словенија (170), Велика Британија (159), Чешка (156) и Италија (148).

Податоците се добиени од националните здравствени услуги и Светската здравствена организација. Агенцијата „Франс прес“ забележува дека дневните податоци можеби не се совпаѓаат со објавените податоци претходниот ден, бидејќи властите прават корекции на податоците или доцнат со објавувањето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков