Утрински Весник
Свет

Надреални сцени од Ирак: Небото стана портокалово, илјадници луѓе се хоспитализирани

Ирак повторно беше погоден од силна песочна бура, а најмалку 4.000 луѓе завршија во болница поради проблеми со дишењето. Густиот облак прашина што го прекри главниот град Багдад доведе до затворање на аеродромите, училиштата и јавните канцеларии низ целата земја.

Ова е осма песочна бура од средината на април што го погодува Ирак, кој веќе страда од деградација на почвата, интензивни суши и слаби врнежи, сето тоа поврзано со климатските промени, а зголемувањето на температурите дополнително ги намалува врнежите.

На почетокот на месецов едно лице загина во песочна бура, а дури 5.000 луѓе завршија во болница поради респираторни проблеми.

Багдад овој пат е исто така обоен во портокалово, а песок прекри многу други градови, вклучувајќи го шиитскиот свет град Наџаф на југ и Сулејманија во северниот курдски регион.

Жолтиот и портокаловиот песок ги прекри покривите на куќите и автомобилите, а се вовлекуваше во куќите, пишува „Дејли мејл“.

Властите во седум ирачки провинции, вклучувајќи го и Багдад, им наредија на владините канцеларии да ги прекинат операциите.

Сепак, здравствените установи останаа отворени за да им помогнат на оние кои се изложени на најголем ризик, вклучително и постарите лица и оние кои страдаат од хронични респираторни и срцеви заболувања.

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија