Утрински Весник
Спорт

Надал ќе го пропушти Вимблдон?

Надал ќе го пропушти Вимблдон?

Рафаел Надал, во петокот, во спектакуларен меч остана без круната на Ролан Гарос. Шпанецот, од Новак Ѓоковиќ го доживеа вториот пораз на Ролан Гарос, во кариерата. Надал, на овој гренд слем, има само три порази во 106 меча, покрај Ѓоковиќ загубил и од Робин Содерлинг.

Надал, од Париз се врати во Шпанија, каде ги крои плановите за втората половина од сезоната. Освојувачот на 20 гренд слем трофеи не е сигурен дали ќе игра на Вимблдон и на Олимписките игри во Токио.

Неофицијалното светско првенство во тенис, Вилблдон ќе започне на 28.јуни.

„Ќе видиме што ќе биде следно. Моето тело претрпе многу, во претходните два месеци играв секоја недела. Вимблдон е за две недели. Сега не е исто како кога имав 25 или 26 години, сега имам 35. Морам да видам како моето тело ќе закрепне. Потоа ќе донесам одлука дали ќе настапам на Вимблдон“, рекол Надал.

Исто така тој не е сигурен дека ќе се појави во Токи, на олимпискиот турнир.

„Во текот на годината, мојот распоред е познат од 1.јануари. Но оваа година е поинаква. Морате да бидете флексибилни. Во нормални околности немаше да помислам да ги пропуштам Игрите, сите знаеме колку се важни. Но во ваква ситуација не знам“.

> Надал ќе го пропушти Вимблдон? <

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ