Утрински Весник
Спорт

Надал никогаш не загубил финале на Ролан Гарос, против „студентот“ оди по рекорден 14. трофеј

Рафаел Надал ќе се бори за продолжување на рекордната шампионска серија на Ролан Гарос попладне во финалната пресметка со Норвежанецот Каспер Руд. Ако триумфира во Париз, Надал ќе им побегне на големите конкуренти Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ на 22 грен-слем титули во кариерата. Швајцарецот и Србинот имаат по 20. Федерер не играше во Париз, а Ѓоковиќ беше елиминиран од Надал во четврт-финалето.

Шпанецот, кој во петокот наполни 36 години, ја забележа 111. победа на земјена подлога во Париз и стигна до 14. финале на Ролан Гарос. 23-годишниот норвешки тенисер кој е осми носител на турнирот од 2018 година тренира во академијата на Надал во Мајорка.

Руд е првиот грен-слем финалист од неговата земја. Против Надал не играл никогаш досега.  Тој од понеделник ќе биде на шестото место на АТП листата.

На патот до финалето, Надал речиси без борба ја мина полуфиналната пресметка откако Александер Зверев се повреди во текот на третиот сет, додека Руд со 3:1 во сетови беше подобар од Хрватот Марин Чилиќ.

> Надал никогаш не загубил финале на Ролан Гарос, против „студентот“ оди по рекорден 14. трофеј <

Можете да прочитате

Естонија прв противник на македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2026

Милевски повика двајца дебитанти за дуелите со Летонија и Фарски Острови

Анчелоти по поразот од Милан: Нашите проблеми не се индивидуални, туку тимски