Утрински Весник
Спорт

Надал има „сто животи“: Падна Фриц во пет сета, Шпанецот закажа дуел со Кирјос

Dik 300x250 mk

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласира во полуфиналето на Вимблдон, откако во драматичен меч во пет сета славеше против Тајлор Фриц со 3-6, 7-5, 3-6, 7-5, 7-6. И повторно се покажа дека во маратонските мечеви ретко кој може да го победи Надал, дури и кога има сет негатива, а и болки во коленото и стапалото. Сепак, на крајот тој успеа во тај-брејк во последниот петти сет да слави со 10-4, на поени, и да закаже полуфинална пресметка со Кирјос.

dobivaj vesti na viber

Фриц го доби првиот сет со 6-3, но Надал се врати и го освои вториот со 7-5. Третиот повторно му припадна на Тајлор Фриц со 6-3, но Рафаел Надал смогна сили да го добие четвртиот, повторно со 7-5.

Петтиот сет беше неверојатно драматичен, на крајот дојде до 6-6, па мораше да се решава победникот во тај-брејк. Менталната сила на Надал пресуди, Шпанецот поведе со 5-0, Фриц возврати со три поени во низа, но на крајот победата му припадна на поискусниот. Надал прв стигна до 10 поени (10-4) и го комплетираше мечот.

Можете да прочитате

Дербито Шкендија – Вардар го комплетира 10. коло во ПМФЛ

Таткото на Јамал застана во одбрана на својот син

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите