Утрински Весник
Свет

Нагорно-Карабах негира дека нивниот претседател е ранет: „Тој е жив и здрав, ги извршува своите должности“

Нагорно-Карабах негира дека нивниот претседател е ранет: „Тој е жив и здрав, ги извршува своите должности“

Ваграм Погосијан, портпарол на претседателот на самопрогласената република Нагорно-Карабах, Арајик Харутиунијан, рече дека тврдењето на Азербејџан за повреда на лидерот е дезинформација.

„Тоа е апсолутна дезинформација. Претседателот е жив и здрав, тој целосно ги извршува своите должности, само што се обрати преку видео. Ние разбираме дека сите здраворазумни одлуки на претседателот предизвикуваат паника во Азербејџан, но мора да ги разочараме по тоа прашање“, рече Погосјан.

Помошникит на азербејџанскиот претседател Хикмет Хаџиев претходно јави дека лидерот на самопрогласената република Нагорно Карабах, Араџик Харутијунијан е тешко ранет во напад на азербејџанските сили.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп подготвен за нови санкции против Русија

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

Гроси: Во светот може да има 20 до 25 нуклеарно вооружени држави