Утрински Весник
Спорт

Навивачи на трибините само со дигитален здравствен пасош

Навивачи на трибините само со дигитален здравствен пасош

Компанијата „Пренетикс“ која е задолжена да ги врши тестирањата на фудбалерите во Премиерлигата верува дека е развиен систем кој би можел да им овозможи на навивачите да се вратата на трибините.

Според одговорните во компанијата системот што го развиле претставува „дигитален здравствен пасош“, односно системот историјата на тестирањата на одреден поединец ги поврзува со неговиот мобилен телефон.

Тоа значи дека навивач кој има негативен тест на Ковид-19 може да влезе на стадионот со просто регистрирање на кодот на телефонот.

Како што пренесуваат медиумите во Англија во Премиерлигата позитивно го оцениле овој систем на „Пренетикс“.

„Во моментов овие здравствени пасоши се во употреба во Премиерлигата и во Чемпионшип. Тие на играчите, тренерите и останатиот клупски персонал им овозможуваат да имаат слободен пристап до сите делови на стадионот. Секако дека голем напредок би претставува кога со овој систем би им овозможиле и на навивачите да се вратат на трибините. Резултатите од секој тест на навивачите би биле поврзани со нивните мобилни телефони, а со самото тоа и со билетите што ќе ги купуваат. Аеродромите исто така ја разгледуваат употребата на овој систем“, рекол за „Скај Спорт“ извршниот директор на компанијата Ави Ласроу.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност