Утрински Весник
Спорт

Навивачите на Лестер и Наполи се тепаа на улиците и стадионот

Навивачите на Лестер и Наполи се тепаа на улиците и стадионот

Фудбалерите на Лестер и Наполи одиграа 2:2, во рамките на првото коло, во Лига Европа. Дуелот го обележаа тепачките на навивачките групи, пред и во текот на натпреварот.

И покрај забраната за гостинските навивачи, поради епидемиолошките мерки, навивачи на Наполи успеале да влезат на „Кинг Пауер“ стадионот.

Според англиските медиуми, инцидентите започнале кога домашните навивачи започнале да фрлаат пластични шишиња во делот каде што биле навивачите на Наполи.

УЕФА ги нотира инцидентите.

> Навивачите на Лестер и Наполи се тепаа на улиците и стадионот <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина