Утрински Весник
Спорт

Навивачите ги навредуваа фудбалерите на Атлетико, Ермосо втрча на трибините да се пресмета со нив

Бурен финиш имаше дербито во Пример помеѓу Атлетико Мадрид и Виљареал (0:2). Најпрвин трагичарот Нахуел Молина доби црвен картон, потоа Џерар Морено го постигна вториот гол и беше нападнат од играчите на Атлетико бидејќи „претерал со прославата на голот“.

dobivaj vesti na viber

Тоа беше само почеток на хаосот на „Цивитас Метрополитано“, бидејќи домашните навивачи упатија низа навреди кон Антоан Гризман, а во одбрана на францускиот репрезентативец излезе соиграчот Марио Ермосо.

Навивачите на Атлетико Хермосо го потсетија на неговото минато и дека целата своја јуниорска кариера ја помина во Реал Мадрид, што придонесе за зголемување на тензиите меѓу нив.

Поголем инцидент, помеѓу Ермосо (кој инаку целиот меч го гледаше од клупата за резерви) и навивачите спречи обезбедувањето.

 

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина