Утрински Весник
Свет

Навални закрепнува и планира да се врати во Русија

Навални закрепнува и планира да се врати во Русија

Алексеј Навални полека закрепнува во германската болница. „Њујорк тајмс“ пишува дека Навални му открил на германскиот обвинител дека планира да се врати во Русија.

„Тој нема намера да биде во егзил во Германија. Тој сака да се врати дома во Русија и да ја продолжи својата мисија“, изјави неименуван германски функционер.

Навални се наоѓа на лекување во болницата „Шарите“ во Берлин, каде што долго време беше во кома, од која се разбуди минатата недела. Германскиот официјален претставник потврди дека рускиот опозициски лидер е со остар ум.

„Тој е целосно свесен за неговата состојба, што му се случило и знае каде се наоѓа“, рече тој, пренесува „Јутарњи лист“.

Болницата „Шарите“ објави на „Твитер“ дека здравствената состојба на Навални се подобрува и дека може на кратко да стане од кревет.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во дискотека во Мексико

Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

УНРВА: Во северниот дел на Појасот Газа нема вода, храна и лекови