Утрински Весник
Свет

Навални го прекина штрајкот со глад откако доби медицинска помош

Навални го прекина штрајкот со глад откако доби медицинска помош

Рускиот опозициски лидер, кој е во затвор, Алексеј Навални, објави дека го прекинува штрајкот со глад откако доби медицинска помош и откако лекарите го предупредија дека ако продолжи, неговиот живот ќе биде загрозен.

Со објава на „Инстаграм“, на 24-тиот ден од штрајкот со глад, Навални изјави дека ќе продолжи да бара неговиот лекар да го прегледува поради губење на чувството на рацете и нозете, пренесе АП.

Тој додаде дека, сепак, ќе го прекине штрајкот откако ќе биде прегледан од лекари кои не се од затворот, што тој го нарече „огромен напредок“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Алексей Навальный (@navalny)

Навални изјави дека е постигнат огромен напредок благодарение на поддршката на голем број луѓе ширум земјата и светот.

Тој штрајкуваше од 31 март во знак на протест поради одбивањето на затворската управа да му дозволи да го посетуваат неговите лекари откако почувствува остри болки во грбот и чувство на вкочанетост на нозете.

Навални издржува затворска казна од две и пол години под обвинение за стар случај на проневера, за кој тврди дека е лажен.

Можете да прочитате

Кина по првпат ја претстави нуклеарната „тријада“ на воената парада во Пекинг

Руте: Очекувам во Париз утре да се разјасни какви гаранции можеме да ѝ обезбедиме на Украина

Санчез: Двојните стандарди на ЕУ за Украина и Газа го поткопуваат кредибилитетот на Европа