Утрински Весник
Свет

Навални бил отруен – пристигнаа резултатите на германските лекари

Навални бил отруен – пристигнаа резултатите на германските лекари
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Германската болница во која од Омск беше пренесен рускиот опозиционер Алексеј Навални објави дека првите резултати укажуваат дека тој навистина бил отруен. Според изјавата од берлинската болница, медицинскиот совет кој се грижел за рускиот опозиционер утврдил присуство на „инхибитор на холинестераза“ во неговото тело.

Станува збор за хемикалии кои често се наоѓаат во лекови за Паркинсонова болест, но берлинските лекари тврдат дека сè уште не ја утврдиле во целост која супстанција е.

„Пациентот во моментот е на интензивна нега и се уште е во индуцирана кома. Неговата состојба е сериозна, но тој во моментот не е во опасност”, соопшти берлинската болница.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп