Утрински Весник
Македонија

Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција

Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Новите влезови до хируршкиот ургентен центар и инфективната клиника и целосно асфалтирање на улицата под хируршките клиники веќе привршува и може да биде во функција од почетокот на следната недела. ПЕТ центарот за производство на реагенси е ставен во функција, а стоматолозите со работата можат да почнат следната недела, истакна министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој денеска на новинарско прашање појасни дека новите влезови на клиниките ќе го олеснат пристапот, но и ќе го решат проблемот со сообраќајниот хаос.

– Намалување на фрекфенција на движењето го искористивме и за средување на овој повеќедецениски проблем, по 50 години еве имаме влез кој што води директно до хируршкиот ургентен центар, еден посебен влез и излез кај инфективната клиника, ова е работа која се завршува и значи ставање во функција на овие влезови, целосно афалтирање и отворање на ова улица под хируршките клиники, ќе може да биде во функција од некаде на почетокот на следната недела, рече Филипче.

Во следната фаза, тој додаде дека ќе почне да се работи на проширување на влезот и излезот со по уште една лента коловозна на влезот кај стоматологија кон улицата „Водњанска“, и на влез и излез кај клиниката за кардиологија, појаснувајќи дека сменетиот сообраќаен режим ќе го олесни пристапот, но ќе ро реши и сообраќајниот хаос на улицата „Водњанска“.

Филипче рече дека веќе се спремаат листи на пациети чии што интервенции биле откажани, тие луѓе, како што рече, добиле приоритет, а тие пред интервенција ќе бидат тестирани дали се позитивни или негативни на вирусот, со цел да се заштитат клиниките.

Овој процес, согласно динамиката за олабавување на мерките и растеретување на болницата „8 Септември“, Филипче рече дека би требало да биде на сила од следната недела, вклучувајќи и нов систем на закажување преку системот Мој термин.

Во однос на триожниот центар, Филипче рече оти тоа треба да биде една форма на интернистичко ургентен центар. Тој додаде дека сега центарот ќе има директен влез и излез, ќе има соодветна опрема за интернистички ургентен центар, ќе се направи систем на ротација, на дежурства и на специјализанти и на тој начин ќе се олесни пристапот и квалитетот на здравствена заштита.

– Во однос на триажниот центар, сметам дека тоа треба да биде една форма на интернистичко ургентен центар. Нешто што е многу тешко физички и заради недостаток на опрема се реализираше во рамки на клиниката за токсикологија. Еден сериозен дел би се префрлил овде прво заради тоа што е физички подостапно сега ќе има и директен влез и излез, ќе има соодветна опрема за интернистички ургентен центар, ќе се направи систем на ротација, на дежурства и на специјализанти, и на соодветни специјалисти така да сметам дека многу ќе се олесни и пристапот и квалитетот на здравствена заштита во смисла на интернистички ургентен центар, рече Филипче.

Тој додаде дека ќе се пушти веднаш откако ќе биде опремен целосно, според него, потребно е најмалку период од месец дена за се ова да биде поставено и да профункционира.

Прашан кога се очекува набавка на реагенси потребни за правење скен на коски, Филипче појасни дека реагенсот се произведува во ПЕТ центарот, кој од понеделник е целосно ставен во функција.

– Реагенсот се произведуваше во ПЕТ центарот, меѓутоа во овој период се направи редовен годишен сервис и затоа застојот во работата во приватните болници заради тоа што нема реагенси кои се носеа од странство заради тоа што се затворени аеродромите. Не може да се носи по друг пат заради тоа што имаме многу кратко време на активност кај тој реагенс веднаш после производството. Меѓутоа од понеделник е целосно ставен во функција ПЕТ центарот и производството и дијагностиката, има соодветен протокол, нешто по редуциран број на пациенти за да се стави малку акцент и на превенција и на подетално чистење помеѓу сами дијагностички постапки така да пет центарот е веќе во функција, додаде тој.

Во однос на прашањето кога стоматолозите почнуваат со работа, Филипче рече дека можат да почнат да работат следната недела.

– Стоматолозите на денешниот утрински состанок на Комисијата на која што присуствуваше и претседателот на Комора беше договорено веќе да почнат да работат од следната недела и да се вклучат во скринингот, за пто навистина покажаа добра и воља и желба посебно за што станува збор земање на брис, нешто што е во нивната сфера на професионална работа, рече Филипче. бт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Подкаст Зрак со д-р Марина оваа недела посветен на борбата со ракот на дојка

СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз