Утрински Весник
Македонија

Набавени пет нови камиони за собирање и транспорт на комунален отпад

Набавени пет нови камиони за собирање и транспорт на комунален отпад

ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска ги промовираше новонабавените пет специјални комунални возила-камиони за собирање и транспорт на комунален отпад.

Возилата се од марката „ивеко“ и ќе се употребуваат за собирање и транспорт на комуналниот отпад од контејнерите наменети за колективните домаќинства, како и од кантите поделени во индивидуалните домаќинства на територијата на градот Скопје.

„Новите пет специјални комунални возила-камиони се дел од големата набавка што ЈП Комунална хигиена-Скопје ја започна на почетокот на оваа година, а во чиишто рамки досега беа пуштени во употреба и десет машини наменети за метење на јавните и сообраќајните површини“, изјави  директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

Како што најави, до крајот на годинава ќе бидат набавени уште 32 нови специјални комунални возила – автоцистерни, камиони, самоподигнувачи и кипери, со што во голема мера ќе биде заокружено обновувањето на возниот парк на Претпријатието.

Можете да прочитате

Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри

Мицкоски ветува набавка на 100 нови амбулантни возила

Заврши „Охридско лето“ 2025 – 24info.mk