Утрински Весник
Македонија

МФ: Одлични резултати на #МојаНаграда, бројот на дневно скенирани сметки удвоен

Заев: „Мој ДДВ“ ја користат 65.000 граѓани

Скопје, 16 февруари 2020 (МИА) – Првите два месеца од приредувањето, наградната игра МојДДВ #МојаНаграда дава одлични резултати. Доделени се 640 награди во вкупен износ од 9,1 милиони денари. Во играта уествуваат 190 илјади корисници, а дневниот просек на скенирани сметки пред и после почетокот на #МојаНаграда е удвоен, соопшти денеска Министерството за финансии (МФ).

Во просек, од пуштањето во употреба на МојДДВ апликацијата до 15 декември – почетокот на наградната игра, просечниот број на дневно скенирани сметки изнесувал 266 илјади сметки. По отпочнувањето на наградната игра, односно од 15 декември до 12 февруари дневниот просек се удвојува и изнесува 518 илјади сметки. Бројот на дневно скенирани сметки продолжува да расте и во првата половина од февруари и изнесува над 600.000 во просек дневно.

Според Министерството, дури третина од корисниците на #МојаНаграда во периодот од 15 декември до 15 февруари скенирале меѓу 101 и 200 сметки, додека околу 20 отсто скенирале од 201 до 4000 сметки.

-Ако пред наградната игра наплатениот ДДВ од скенирани сметки изнесувал 14,3 милиони денари дневно, сега тој е зголемен на 25,3 милиони денари дневно, или за раст од 77 отсто. Во текот на овие два месеци доделени се 610 дневни награди и тоа 244 награди од по 1.000 денари, 183 награди од по 2.000 и 183 награди од по 3.000 денари. Доделени се 30 награди од по 100.000 денари. До крајот на играта остануваат да се доделат уште 3.212 награди, од кои и две премии од по 3.000.000 денари. Првата премија ќе се извлекува на 18 март, наведува МФ.

Потсетува и дека министерката за финансии Нина Ангеловска, во повеќе наврати има посочно дека #МојаНаграда e надградување на успешната мерка МојДДВ за сузбивање на сивата економија и поттикнување на граѓаните да земаат фискална сметка. мч/бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме