Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Ќе биде потребно несебично да помогнеме во закрепнувањето од економската криза

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада која ќе го забрза евроинтеграцискиот процес

1 април 2020

Сведоци сме на едно различно време, проследено со тешки и неочекувани предизвици.

Време кога целото наше внимание е насочено кон заштита на здравјето на граѓаните.

Тоа до што вчера беше нормално секојдневие, повеќе не е.

Сепак, сега е вистинското време на најмладите и вработените во образованието да им помогнеме да се спаси барем дел од учебната и академската година.

На работниците, земјоделците и компаниите да им помогнеме да го издржат силниот удар од реалната економска криза.

На највозрасните да им подадеме рака и да им ја понудиме сета потребна помош, која во дадениот момент им е повеќе од потребна.

Ова ќе помине, и по оваа криза, повеќе од било кога ќе си бидеме потребни едни на други, на своите деца, родители, другари и познаници.

Нашиот народ кажува дека јунакот се познава во најтешкото време, и токму затоа сега е потребно да покажеме храброст.

Во овие моменти пред се треба да бидеме емпатични, учтиви и хумани.

Да го отстапиме местото во ред на повозрасниот, да им помогнеме на оние кои се во самоизолација, да ги почитуваме здравствените совети за заштита, да практикуваме социјално дистанцирање и заради себе и заради другите околу нас.

Неопходно е да веруваме во самите нас и во кохесивната сила на нашето општество и да шириме позитивна енергија, со искрена надеж дека доаѓаат подобри времиња.

Повеќе од јасно е дека ќе биде потребно и несебично да помогнеме во закрепнувањето од економската криза која веќе непосредно е присутна во нашата средина.

Во таа насока, бараме помош од вас. Одвојте барем малку време и пишете ни за вашите идеи, пишете ни за вашите секојдневни проблеми.

Предложете ни го она што сметате дека ќе придонесе во изнаоѓање на взаемно корисни решенија!

Искрено верувам дека многу брзо повторно ќе можеме непосредно и непречено да се видиме едни со други и да споделиме заеднички насмевки во сите наши населби, села и градови.

До тогаш бидете внимателни, почитувајте ги препораките, слушајте ги советите на најстручните и пред се чувајте се и чувајте ги вашите семејства.

Доаѓаат подобри времиња, верувајте во тоа!

Затоа што ја сакаме Македонија!

 

Тимчо Муцунски, секретар за меѓународна сорабока на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?