Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо повторно мораше да ги брани своите тренерски квалитети по фијаското на премиерлигашот во Лига Европа и 3:0 поразот од Динамо Загреб, велејќи дека е „еден од најважните“ тренери на светот и порачувајќи им на критичарите дека се како обични луѓе кои сакаат да „зборуваат за ракетна технологија со момците од НАСА“.
Португалецот несомнено остави голем печат на фудбалската игра со титулите со Челси, Порто, Реал Мадрид и Интер, но последните два ангажмани беа попроблематични. Кога беше во Манчестер јунајтед, фановите беа поразени од дефанзивната игра, а сега и со Тотенхем по ветувачкиот старт, клубот се мачи во сите натпреварувања. Но, и покрај ова, титула е достапна оваа сезона, бидејќи го играат финалето на Лига купот (Карабао купот) против Манчестер сити).
Запрашан како се справува со критиките, Мурињо беше „специјален“.
„Никој од момците во НАСА не сака да разговара ракетна технологија со сите низ светот. Тие си мислат дека можат да разговараат за фудбал со еден од најважните тренери во фудбалот. Тоа е убавината на фудбалот. Се навикнав и ги ценам критиките. Нема проблем“, вели Мурињо.
> Мурињо си се пофали: Јас сум еден од најважните тренери во фудбалот <