Утрински Весник
Спорт

Мурињо прв кандидат за тренерското место во ПСЖ!

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

И покрај тоа што повеќе пати изјавуваше дека е целосно посветен на Рома и дека ужива во животот во италијанската престолнина, Жозе Мурињо е неочекуваниот фаворит за позицијата нов тренер на Пари Сен-Жермен, тврди британскиот „Дејли Телеграф“.

Газдата на клубот, Насер Ал-Хелаифи го идентификувал Мурињо како совршена замена за Маурисио Почетино, како дел од големите промени во клубот ова лето, бидејќи се очекува и спортскиот директор Леонардо да биде заменет со Луис Кампос.

Минатиот месец, Килијан Мбапе го одби Реал Мадрид за да стане најдоброплатениот фудбалер во историјата со новиот тригодишен договор, а како дел од овој договор, се верува дека тој добил и моќ да учествува во крупните одлуки на францускиот шампион, зголемувајќи ги шпекулациите за продажба на повеќе фудбалери во летниот преоден рок. Ал-Хелаифи сметал дека Мурињо, со својата дисциплина може да биде човекот кој ќе може да извлече најмногу од ѕвездите во европските натпреварувања, како што покажа со титулата во Конференциската лига на УЕФА со Рома.

> Мурињо прв кандидат за тренерското место во ПСЖ! <

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk