Утрински Весник
Спорт

Мурињо му ветил патики од 800 евра ако постигне гол

Мурињо му ветил патики од 800 евра ако постигне гол

Тинејџерот од Гана, Феликс Афена-Гијан, го обележа натпреварот на „Мараси“ во Џенова. Рома, синоќа, ја победи Џенова со 2:0, со головите на Гијан, постигнати во последните 10 минути од натпреварот.

Побадата на Рома, значи дека Жозе Мурињо, ќе остане без 800 евра. Португалецот му ветил на Гијан дека ќе му купи копачки доколку постигне гол.

„Му ветив на Феликс дека ќе му ги купам патиките кои му се допаѓаат. Скапи се, чинат 800 евра. Кога го постигна првиот гол дојде до мене и ми кажа да не си го заборавам ветувањето. Прв што ќе направам во понеделник е да излезам и да му ги купам патиките. Ги заслужи“, рекол Мурињо.

Гијан, во летниот преоден рок од ЕурАфрика, пристигна во јуниорскиот тим на Рома. Во Серија А досега има одиграно 92 минути.

> Мурињо му ветил патики од 800 евра ако постигне гол <

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила