Утрински Весник
Спорт

Мурињо е заблагодари на навивачите на Интер и посака да станат шампиони

Мурињо е заблагодари на навивачите на Интер и посака да станат шампиони

Интер со 3:1 ја совлада Рома за да остане фаворит во трката за одбрана на скудетото, а посебен момент доживеа поранешниот тренер на „нераѕурите“, Жозе Мурињо, кој доби песна од навивачите на Интер, кои уште се сеќаваат на славната 2009/10 и тројната титула.

Мурињо се обиде да остане професионалец и да ја игнорира песната, пред да ја крене раката и да се заблагодари.

„Го сакам Интер, Интер ме сака мене, но јас сум тука да победувам. Сега, не играме со Интер, Милан или Наполи, така што можам да кажам дека сакам Интер да го освојат скудетото. Претходно не можев да го кажам тоа, бидејќи мојата работа е да победувам“, изјави Мурињо по мечот.

> Мурињо е заблагодари на навивачите на Интер и посака да станат шампиони <

Можете да прочитате

Страшна сообраќајна несреќа во Романија: Загинаа седум навивачи на ПАОК

Шок од Британија: Објавени нови детали за здравјето на Михаел Шумахер

Новак Ѓоковиќ стана првиот тенисер со 400 победи на грен слем турнирите