Утрински Весник
Спорт

Мурињо го сака во тимот Вилијан од Челси

Челзи отфрли понуди од Барса и Атлетико за Вилијан
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лондон, 25 февруари 2020 (МИА) – Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо е заинтересиран да го донесе во тимот фудбалерот на Челси, Вилијан.

Португалецот сака 31-годишниот Бразилец да биде ангажиран во летниот преоден рок, бидејќи неговиот договор со Челси завршува на крајот на јуни 2020 година и тој веќе може да преговара со другите клубови.

Познато е дека претставниците на Вилијан преговараат и за продолжување на тековниот договор со „сините“.

Оваа сезона Вилијан постигна пет голови и забележа исто толку асистенции на 33 натпревари за Челси.

Претходно беше објавено дека Барселона е заинтересирана за Бразилецот. Вилијан беше една од првите набавки на Мурињо, откако португалскиот специјалист се врати во Челси летото 2013 година. Тој беше купен од Анжи за 35,5 милиони евра. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025

Беќири: Шкендија на натпреварите покажа стабилност