Музичките експерти имаат спротивставени ставови за тоа дали Ед Ширан ја копирал работата на друг пејач кога го напишал својот сингл Shape Of You во 2017 година.
Ширан негира дека го копирал рефренот од песната Oh Why на Семи Свич за делот Оh I, oh I, oh I на неговиот хит.
Двете страни повикаа форензички музиколози да го аргументираат случајот на Високиот суд во Лондон.
Едниот рече дека песните се сосема различни, но другиот тврдеше дека тие содржат значајни сличности.
Shape Of You беше најпродаваната песна во светот во 2017 година, со повеќе од три милијарди пуштања само на „Спотифај“.
Песната им носи на Ширан и на ко-авторите Стивен Мекачеон и Џони Мекдејд околу 5 милиони фунти годишно, и покрај тоа што речиси 10% од плаќањата се замрзнати поради тековниот спор за авторските права, според она што беше кажано во судот.