Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Музичка забава на покривот на „Сити мол“

Музичка забава на покривот на „Сити мол“
Img 7972

Скопје, 25 април 2020 (МИА) – Саботна музичка забава вечер од 19:30 до 21:30 часот ќе организира Општина Карпош на покривната површина на Трговскиот центар „Сити мол“. Преку овој настан, Општината ги повикува сите карпошани во овој период од денот да излезат на терасите од своите домови и да уживаат во добра музика.

За музичкиот дел, задолжен ќе биде DJ Babura Junior, а како што се наведува во соопштение, настанот ќе може да се следи и во живо на фејсбук страниците на општината и DJ Babura Junior.

-Карпош продолжува да пулсира во духот на урбаното, во духот на маалскиот соживот и меѓугенерациска дружба. DJ Babura Junior ќе не потсети на голем број диско хитови, ретро македонска и странска музика. Во период на полициски час, ќе имаме можност да уживаме во добра музика и да дадеме поддршка на домашната музичка сцена, соопштија општинските власти.

Општината ги повикува сите карпошани, особено оние кои живеат во околината на „Сити мол“, да излезат на своите тераси, од своите домови да бидат дел од овој настан, кој, како што посочуваат, ќе се карактеризира и со голема интерактивност.бт/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ина Многуфина саркастично за случајот Кузмановски: „Јака казнава“ – системот полн дупки!

Муцунски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Скопје

Последен поздрав за Панчо, погребот ќе се одржи на 16 октомври во Бутел