Утрински Весник
Магазин

Музичката индустрија во Британија бележи напредок во однос на диверзитетот

Музичката индустрија во Британија бележи напредок во однос на диверзитетот

Има значително зголемување на бројот на црнци, азијати и припадници на етнички малцинства во музичката индустрија од 2016 година, наведено е во новиот извештај на UK Music, пренесува Би-би-си.

Процентот на вработени од етничките малцинства се зголемил од 15.6% во 2016 година на 22.3% оваа година, според извештајот.

UK Music („Ју-кеј мјузик“) е британска организација која ги претставува колективните интереси на продукциската страна на комерцијалната музичка индустрија во Велика Британија: уметници, музичари, текстописци, композитори, издавачки куќи итн.

Во извештајот е забележано дека застапеноста е полоша на работни места со повисоки плати.

Меѓу оние кои заработуваат повеќе од 100.000 фунти годишно, само 27% биле жени, а 12.2% не биле бели. На ниско платени работни места – каде што платите се помалку од 15.000 фунти – бројките беа 59.4% и 33.6%.

Генерално, застапеноста на жените била 49.6% во 2020 година – приближно иста како во 2016 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѕвезден судар утре: Некои знаци ќе блеснат, други ќе паднат под притисок – кој е на удар?

Овој мал утрински ритуал може да ве ослободи од сите грижи – утре го славиме светителот со златна уста

Веднаш отстранете ги овие пет работи од вашата бања – пред да се разболите