Утрински Весник
Македонија

Музичарите од Охрид бараат од надлежните да утврдат протокол со кој би им се овозможило да ја обавуваат својата дејност

Музичарите од Охрид бараат од надлежните да утврдат протокол со кој би им се овозможило да ја обавуваат својата дејност
Dik 300x250 mk

Охрид, 25 јуни 2020 (МИА) – Здружението на музичари од Охрид „Охридски музички еснаф“ реагира на протоколот за работа на угостителските објекти, со забелешка дека со новите одредби за работа и мерките се дискриминира нивната дејност во новонастанатите услови.

Главниот координатор на Здружението „Охридски музички еснаф“ Венко Пашовски, вели дека се свесни за ситуацијата наметната од епидемијата на коронавирусот, но оти дека откако е прекината вонредната состојба во државата и се донесени мерки на олабавување во сите сектори, треба да се размислува и за нивната дејност, оттаму што донесените мерки и протоколи за работа им се одземаат правото на работа и на обезбедување средства за егзистенција.

– Сметаме дека покрај музичарите и музичките работници, кои ги има околу 20 илјади во земјата директно се оштетени и угостителите, а индиректно и граѓаните како конзументи на нашиот производ – музика и затоа ја бараме и нивната подршка, изјави тој упативајќи барање до надлежните да ја укинат заабраната за нивната дејност, секако со соодветни протоколи за заштита на здравјето на луѓето.

Согласно последните одлуки на Владата, од овој петок угостителските објекти ќе можат да обавуваат дејност и во затворените делови, со придржување кон однапред утврден протокол. Но, се уште останува на сила забраната за организирање музички настани како и организирање прослави во отворен и затворен дел на објектите. аб/аа/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ужас во Петровец: Жена нападната од сопругот, кој ја тепал и се обидел да ја врзе со каиш

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!