Утрински Весник
Спорт

Муарем се врати во Работнички

Муарем се врати во Работнички

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – Работнички го доведе првото засилување за следната натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига. Старо-нов член на „романтичарите“ е Муарем Муарем.

– Офанзивниот фудбалер за врска потпиша едногодишен договор со Работнички и се враќа во клубот во кој ја почна професионалната кариера (2008-2010), а настапуваше и во сезоната 2010/11. Тој сигурно ќе биде големо засилување за составот на Ратко Достаниќ, со оглед дека има репрезентативно искуство и неколкугодишна интернационална кариера, соопшти Работнички преку клупската веб-страница.

Муарем Муарем во македонското првенство настапуваше за Работнички, Тетекс и за Шкупи, а интернационалната кариера ја градеше во Турција (Ордуспор, Ескишехирспор), Азербејџан (Карабах), Казахстан (Актобе) и во Албанија (Фљамуртари).

Муарем Муарем ќе се приклучи на тренинзите на тимот по 23 јули, кога ќе истече неговата суспензија откако имаше позитивен допинг тест пред две години. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига