Утрински Весник
Македонија

МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени и сите работодавачи строго да се придружуваат до мерките кои Владата на Република Северна Македонија ги донесе на вчерашната седница за превенција од ширење на болеста COVID-19 (коронавирус). Секое непочитување на препораката за ослободување од работни обврски на еден од родителите на деца до 10 годишна возраст да се пријави во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31.

-Отсуствата од работа ќе се докажуваат со потврди кои ќе ги издаваат градинките и основните училишта, на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години, во кои ќе биде наведен и временскиот период за кој се однесува. Истите ќе треба да се достават до Секторот за управување со човечки ресурси или раководителот/директорот на институцијата/компанијата во која работи, до терминот за пресметка на следната плата, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Во однос на прекинот на работата на дневните центри за згрижување на лица со попреченост, од Министерството за труд и социјална политика велат и дека ослободувањето од работни активности на родители на деца/лица со попреченост е проширено на родители на деца и млади и над 10-годишна возраст. Родителите е потребно по истиот принцип наведен погоре да достават потврда дека лицето е корисник на услугата дневен центар за лица со попреченост. сст/дма/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Донесовме одлука да ја зголемиме двојно субвенцијата за хектар јачмен од 6.000 денари на 12.000 денари

Судењето за убиството на Вања и Панче одложено за 20 септември

Ја каменувале куќата на светскиот шампион во кикбокс Бобан Илиовски