Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

МТСП: Од утре започнува исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

МТСП: Од утре започнува исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита
300x250 opst2

Од утре започнува исплатата на средствата од социјална, детска и цивилна заштита, за месец јануари, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од 4 февруари 2021 година.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19,за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

– 04.02.2021 (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ

– 05.02.2021 (петок) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Виз Ер со нова авиолинија, од скопскиот аеродром до Штутгарт, открија од ТАВ Македонија

Познато кога почнува исплатата на покачените пензии за септември

УЈП ги проверува инспекторите кои ги предупредувале газдите на „Пулс“ за можни контроли во замена за подароци